Екс-вардарецот Циндриќ потпиша за Веспрем

Унгарскиот гигант Веспрем потпиша двегодишен договор со поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ.

Хрватскиот ракометар минатата сезона играше за Динамо Букурешт, но доби шанса да ја напушти екипата по заминувањето на Чави Пасквал.

Циндриќ заедно со поранешниот македонски првак Вардар го освои и тронот на Европа, а во кариерата играше и за Барселона, Кјелце, Металург и Карловац.