Белингам дозна каква казна ќе добие за срамниот потег кон Словаците

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам беше херој на својата селекција во дуелот против Словачка (2-1), но направи и срамен потег кон Словаците.

Белингам им го покажа меѓуножјето на Словаците, а поради тоа Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори истрага, меѓутоа нема да го суспендира Англичанецот.

Германски „Билд“ пишува дека Белингам ќе добие само парична казна, иако износот засега не се открива, односно се очекува официјална реакција од УЕФА.