Пелистер се засилува со искусен центар кој во два наврати играше за МЗТ!

Екипата на Пелистер вчера го обелодени името на новиот тренер, Александар Петровиќ, а денеска во јавноста се појави информација и за првото играчко засилување за новата сезона, барем ако им се верува на медиумите од регионот (види ТУКА).

Станува збор за српскиот центар, Андрија Бојиќ (31 год, 208 см), кој веќе има искуство со играње во Македонија. Тој во минатото во два наврати го носеше дресот на МЗТ Скопје и тоа во сезоните 2018/19 и 2020/21. Кариерата ја почна во Мега баскет, а има играно уште за екипи како ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, Спартак Суботица, Слобода Тузла, како и за екипи од Унгарија, Полска, Романија и Тајван.

Пелистер, кој во изминативе три сезони беше вицешампион на Македонија, во новата сезона ќе се обиде да дојде до првиот трофеј во клупската историја со оглед на победничките амбиции во Купот на Македонија и во првенството. Битолчани исто така трета сезона по ред ќе игра и во АБА2-лигата.