Трајковски го пропушта стартот на подготовките со Гатузо

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски ќе го пропушти стартот на подготовките со Хајдук.

Откако вчера беше објавено дека Трајковски се здобил со повреда денешните дополнителни прегледи покажале дека го чека пауза од околу три недели.

Трајковски се здобил со повреда на мускулите и по три недели се очекува да биде спремен да се врати на тренинзите со соиграчите.

Изминатата сезона Трајковски ја заврши со седум постигнати гола, а како што е познато неодамна за нов тренер на сплитскиот тим беше назначен италијанскиот стратег Џенаро Гатузо.