Аргентина без Меси и во четвртфиналето на Копа Америка?

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси би можел да го пропушти четвртфиналето во Копа Америка против Еквадор.

Причина е повредата на мускулот која ја заработи во натпреварот против Чиле пред осум дена, пренесува „Ројтерс“.

За ситуацијата на Меси зборуваше и селекторот на „Гаучосите“, Лионел Скалони.

„Ќе почекаме уште неколку часа пред да донесеме конечна одлука. Секогаш е подобро да имате одмор ден повеќе“, изјави Скалони.

Одлуката ќе ја донесе по разговор со Меси.

„Ќе се обидеме да го интегрираме во тимот. Ако не биде спремен ќе го побараме најдоброто решение за екипите. Ќе видиме“, истакна Скалони.