Лоша вест за спортските вљубеници: Лука Дончиќ нема да игра на ЛОИ во Париз!

Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, Лука Дончиќ, нема да биде дел од претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако неговата Словенија беше елиминирана во полуфиналето на предолимпискиот турнир во Атина по убедливиот пораз во пресметката со домаќинот Грција (68-96).

Грците уште по првите неколку минути го решија прашањето околу победникот, со оглед што средбата ја почнаа со серија 13-0, која значеше тежок нокдаун за Словенците по кој воопшто не се опоравија. Четата предводена од Јани Адетокумпо со слична низа на крајот од првиот дел, кога постигна 12 поени по ред, дојде и до плус 20 (34-14) со што веќе беше јасно кој од овие двајца фантастични кошаркари ќе дојде до последниот степеник на патот кон Игрите во Париз.

Американскиот Грк, Томас Волкап, со 19 поени беше најпрецизен во победничката екипа, веднаш зад него беше Весилеос Толопулос со 17 поени, додека „Ѕверот Јанис“ средбата ја заврши со 13 поени. Дончиќ со 21 поен беше најпрецизен кај Словенија, но имаше и дури 10 загубени топки.

Противник на Грција во утрешниот финален меч кој ќе го одреди добитникот на олимписката виза ќе биде победникот од вечерашното второ полуфинале помеѓу Хрватска и Доминиканската република (20 часот).