Дабл-дабл на Јокиќ, Србија ѝ одржа лекција на Франција

Србија славеше со 79-67 против Франција во пријателски натпревар, а ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ одигра солиден натпревари и постигна 20 поени и 12 скокови.

Франција ја доби првата четвртина со 23-18, по што Србија ја презема контролата и на полувреме замина со предност од 45-32.

Србија го чуваше водството до крајот на мечот, иако Франција во последната четвртина во еден момент намали на четири поени негатива (65-69).

Јокиќ го заврши мечот со 20 поени, 12 скокови и една асистенција, додека Виктор Вембањама постигна 14 поени, 10 скока и три асистенции за Франција.