Абердин ја почна сезоната со триумф, Миовски погоди пречка против Сент Џонстон

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски имаше победнички старт со Абердин на новата сезона во шкотската Премиерлига, откако го надиграа Сент Џонстон со 2-1.

Абердин го постигна првиот гол на мечот преку Девлин во 22. минута од средбата, а во текот на првото полувреме и Миовски погоди пречка од 25 метри.

Гостинскиот тим на почетокот на вториот дел стрелаше и преку МекГрат за 2-0, додека Молој си постигна автогол во завршницата за конечни 2-1, а треба да се спомене дека Миовски остана на теренот до крајот на дуелот.