Шпанија го реши Мароко и ќе се бори за злато на ЛОИ во Париз (ВИДЕО)

Шпанската фудбалска репрезентација славеше со 2-1 против Мароко и се пласира во финалето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Мароко прв стигна до водство преку Рахими од пенал во 37. минута и со 1-0 замина на паузата меѓу полувремињата.

Шпанија почна да се буди во вториот дел од мечот, па најпрво преку Лопез израмни на 1-1 во 66. минута, а потоа Санчез стрелаше за целосен пресврт.

„Црвента фурија“ во финале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Франција и Египет.