Франција со пресврт го елиминира Египет и закажа финале против Шпанија

Француската фудбалска репрезентација беше подобра од Египет со 3-1 во второто полуфинале на турнирот во рамки на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, првиот удар го зададе Египет во 62. минута кога поведе со 1-0, но набрзо Матета возврати и погоди за продолженија.

Проблемите за Египет почнаа кога Фајед беше исклучен поради втор жолт картон, а набрзо Матета постигна и втор гол за 2-0, додека триумфот го потврди Олисе.

Франција за златото ќе се бори против Шпанија, додека Мароко и Египет ќе се борат за бронзен медал.