Алварез во спектакуларен трансфер го напушта Манчестер сити

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез не е среќен во Манчестер сити и најверојатно ова лето ќе си замине од премиерлигашот, а како негова следна дестинација се споменува Атлетико Мадрид.

Шпанската екипа веќе испрати понуда од 70 милиони евра, но истата беше одбиена од страна на гигантот од Манчестер, меѓутоа Атлетико веднаш испрати нова понуда до „Итихад“.

Атлетико нуди 75 милиони евра плус бонуси и уверен е дека ќе го добие потписот на Алварез во следните денови.

Од трансферот на Алварез зависи уште еден трансфер, а тоа е на Саму Омородион кој би можел да се пресели во Челси за 35 милиони евра.