Фенербахче го потврди трансферот на Филип Костиќ

Српскиот интернационалец, Филип Костиќ од Јувентус се пресели во Фенербахче, тој денеска го официјализираше трансферот.

Се работи за едногодишна позајмица со опција за целосен откуп.

Јасно беше дека за Костиќ нема место во тимот на Тијаго Мота, тој беше еден од отпишаните, па за следна дестинација го одбра Фенербахче по телефонски разговор со Мурињо.