САД по четири сета му пресуди на Бразил и ќе игра полуфинале

Одбојкарите на САД водеа голема битка против Бразил, но на крајот триумфираа со 3-1 во сетови и се пласираа во полуфинале на турнирот.

Драматично беше во првите два сета, каде што првиот сет му припадна на САД со 26-24, па потоа Бразил возврати со 30-28.

Американците, сепак, беа подобри во продолжение и со 25-19 и 25-19 ги добија следните два сета за триумф од 3-1.

Во полуфиналето ќе се соочат Италија и Франција, односно Полска и САД.