Јоро имаше успешна операција, го чека пауза од три месеци!

Дефанзивецот Лени Јоро неодамна пристигна во Манчестер јунајтед за 50 милиони евра, но се повреди на пријателскиот меч против Арсенал, а денеска имаше успешна операција.

Јоро требаше да биде големо засилување за „црвените ѓаволи“, но ќе го пропушти почетокот на сезоната, односно три месеци ќе биде надвор од терените.

„Рехабилитацијата на Јоро почна и очекуваме да биде подготвен за три месеци“, соопшти премиерлигашот.