Де Јонг на излезна врата, Барселона ја одреди цената

Каталонскиот гигант Барселона ова лето ќе продаде дел од фудбалерите за да ја наполни касата, а еден од играчите кои би можеле да заминат е Френки Де Јонг.

Раководството на каталонскиот тим е подговено да прифати понуда од 35-40 милиони евра за услугите на Де Јонг, а причината поради која сакаат да се ослободат од него е големата плата.

Де Јонг ја засили Барселона во 2019 година, а во моментов интерес за неговите услуги покажува Манчестер јунајтед.