Јокиќ си поигрува со Французите како со - мали деца (ВИДЕО)

Србија води на полувреме против Франција со 45-32, а одличен на паркетот беше ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

Јокиќ си поигра со Французите во првото полувреме како со мали деца и постигна 17 поени и девет скокови за само 16 минути поминати на паркетот.

Најрасположен во првите две четвртини кај Франција беше центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама кој постигна 12 поени и шест скокови.