Неверојатно: Американка си ја скрати косата за да го помине мерењето! (ВИДЕО)

УФЦ-настанот во Денвер треба да ни понуди големи возбудувања, а една од битките кои привлекуваат внимание е пресметката меѓу Трејси Кортез и Роуз Намајунас.

На мерењето пред борбата се случи еден несекојдневен момент. Кортез падна на првото мерење за 226 грама, но најде начин како да помине во следниот обид.

Кортез си ја скрати косата и ги загуби потрените 226 грама, по што следеше емотивен момент затоа што не можеше да ги задржи солзите.

Борбата меѓу овие две американски натпреварувачки е закажана во „Бол Арена“ во Денвер за 14 јули околу 4 часот наутро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)