Филип Маџовски го засили стручниот штаб на Вардар

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Маџовски е најново засилување за стручниот штаб на тренерот Горазд Михајлов и во иднина ќе ги тренира голманите на Вардар.

Маџовски го носеше дресот на Вардар во сезоната 2009/10, а играше и за Работнички, Милано Куманово, додека како тренер работи од 2019 година и има богата интернационална кариера.

Во изминатиот период Маџовски работеше во стручните штабови на Емиратес, Хајџер, Хата и Најран, а сега се враќа во Македонија и ќе му помогне на Вардар во новиот проект.

Маџовски во Вардар доаѓа на местото на поранешниот тренер на голмани, Бојан Димковски.