Спектакуларен гол во Аргентина: Погоди со „ножичики“ надвор од шеснаесетник (ВИДЕО)

Во натпреварот помеѓу Ланус и Тигрес во аргентинското првенство беше постигнат спектакуларен гол каков што ретко се гледа.

Фудбалерот Валтер Бо во 90. минута и тоа при резултат 2:2 на спектакуларен начин со „ножички“ надвор од шеснаесетникот ја погоди противничката мрежа.

Овој негов гол дефинитивно ќе влезе во потесна конкуренција за наградата „Пушкаш“.