Србија му подготвува голем пречек на Ѓоковиќ!
Србија му подготвува голем пречек на Новак Ѓоковиќ, но и на сите српски спортисти кои ќе освојат медали на Олимписките игри во Париз.
Досега се тројца, покрај Ѓоковиќ, медали освоија и двоецот во стрелаштво Зорана Арнаутовиќ и Дамир Микец.
До крајот на игрите Србија се надева дека ќе има уште медалисти, па сите тие заедно ќе се појават на веќе славната тераса на Стариот двор. Главната улога секако ќе ја има Новак Ѓоковиќ.
Свечениот пречек треба да се случи во вторник на 13. август. Олимписките игри траат до 11. август, а наредниот ден српските спортисти би требало веќе да бидат во Србија, за денот потоа да се појават пред српскиот народ.