Атлетико Мадрид купува фудбалер од Челси за 40 милиони евра

Конор Галагер ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид и на почеток од оваа недела трансферот треба да биде комплетиран.

Атлетико Мадрид за овој трансфер на Челси ќе му плати 40 милиони евра, што е најмногу од шпански клуб ова лето.

Договорот кој ќе го потпише Галагер ќе биде до јуни 2029 година. Од денеска почнува формалната реализација на трансферот.