Арсенал пред пет години за него плати 80 милиони евра, а сега потпиша за Виљареал

Сенегалецот Николас Пепе кој некогаш како големо засилување пристигна во Арсенал од редовите на француски Лил во новата сезона ќе настапува во Шпанија во тимот на Виљареал.

Арсенал за Пепе во 2019 година плати сума oд 80 милиони, но неговата кариера во Лондон не се развиваше како што се очекуваше, па така тој стана „најголемото промашување“ на „топџиите“.

Се обиде Пепе да ја втати формата со позајмица во Ница, па во Трабзон, а сега потпиша договор со Виљареал.

Договорот кој го потпиша Пепе со Виљареал е со важност на две сезони до 2026 година.