Ѓоковиќ: Алкараз ќе освои многу титули кога ќе заминам во пензија за - 15 години!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон, откако денеска го совлада Лоренцо Музети од Италија со 6-4, 7-6 и 6-4.

Ѓоковиќ в недела ќе се соочи со Карлос Алкараз и ќе се обиде да му се одмазди за поразот од минатогодишното финале на Вимблдон.

„Карлос е одлично момче. Работи напорно, луѓето го сакаат и има силен карактер. Сигурен сум дека ќе освои многу работи, но не во недела, туку кога ќе заминам во пензија за едно 15 години“, се пошегува Ѓоковиќ.

Србинот во кариерата има освоено седум титули на Вимблдон, а в недела ќе се обиде да го освои осмиот пехар.