Ѓоковиќ: Сите сакаат магичен напиток кој ќе ги направи шампиони, но тоа не постои!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Лоренцо Музети и се пласира во финалето на Вимблдон каде што ќе се бори против Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ игра во врвна форма, иако неодамна направи операција во Париз, поради која му прогнозираа дека ќе го пропушти Вимблдон.

Србинот покажа дека може да се врати во краток рок, а новинарите ги интересираше како успеал толку многу години да е на врвот.

„Немаме толку време да зборуваме за тоа. Сите би сакале магичен напиток кој ќе ги направи шампиони, но тоа не постои. Многумина велат дека се важни трудот и посветеноста, но јас сметам дека треба паметно да се работи. Кога ќе одам во пензија? За едно 15 години“, кажа Ѓоковиќ.