Сака: Верував во Господ, овој натпревар ќе го паметам засекогаш!

Букајо Сака денеска беше херој на Англија во победата над Швајцарија. Фудбалерот на Арсенал постигна гол за изедначување, а беше и прецизен во пенал серијата.

По натпреварот Сака се потсети на промашениот пенал против Италија во финалето на претходно ЕП кога Италијанците го освоија трофејот.

„Имав верба во Господ. Тешко е да се вратиш по промашен пенал, но јас денес ја искористив шансата. Овој натпревар беше посебен и ќе го паметам засекогаш. Последен пат изведувавме пенали пред три години и знаеме како се заврши. Денеска имав чувство дека доминиравме цел натпревар, требаше да ја чекаме само шансата и за среќа јас ја искористив“, изјави Сака.