Синер тргна по стапките на Алкараз на мастерсот во Шангај – сега на потег е Ѓоковиќ!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер, без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на турнирот во Шангај, откако лесно го скрши слабиот отпор на Тар Даниел (6-1, 6-4).

Најдобриот на АТП-листата со ова тргна по стапките на Карлос Алкараз, кој претходно денеска лесно победи, па сега на потег е третиот најголем фаворит, Новак Ѓоковиќ, да им се придружи во третата рунда.

Јапонецот добро се држеше во воведните три гема од првиот сет, но потоа освои само три поени во следните четири гема, по што Синер рутински го приведе сетот до крај и на најдобар можен начин зад себе го остави поразот во финалето во Пекинг против Карлитос.

Томас Мартин Ечевери ќе биде следниот ривал за Италијанецот, откако славеше против Ботик Ван Де Зандшулп со 7-6, 3-6, 7-5). Ѓоковиќ, пак, подоцна денеска ќе ги одмери силите со Алекс Микелсен.