Роналдо се огласи по елиминацијата: Сакавме повеќе...

Репрезентацијата на Португалија вчера во четвртфиналето на Европското првенство беше елиминирана на пенали од Франција.

Кристијано Роналдо за кого ова беше шесто и последно Европско првенство денеска се огласи преку социјалните мрежи.

„Сакавме повеќе и заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што постигнавме. Верувам дека оваа селекција ќе продолжи да се гради. Заедно“, oбјави Роналдо.