Американски плејмејкер е првото засилување за Дубаи

Кошаркарската екипа на Дубаи го претстави првото засилување за новата сезона во АБА-лигата, а тоа е американскиот кошаркар Нејт Мејсон.

Мејсон претходно играше за Хапоел, Ле Ман, Тексас, но и други екипи, а сега потпиша двегодишен договор со Дубаи.

„Нејт беше еден од најпосакуваните плејмејкери во Европа и доби понуди од тимови во Евролигата. Неговата одлука да ни се приклучи е доказ за нашата визија и план“, велат од клубот.

Американецот во минатата сезона во просек постигнуваше по 19,6 поени и 6,7 асистенции по натпревар.