Брука на фудбалерот на Барса: Гундоган фатен како ги оговара своите соиграчи (ВИДЕО)

Барселона го победи Реал со 2-1 на пријателскиот меч во САД, но и покрај тоа германскиот репрезентативец Илкај Гундоган беше полн со забелешки за своите соиграчи.

Тоа не е чудно со оглед на тоа што „каталонците“ играа во изменет состав, недостасуваа голем број фудбалери, но шокира неговиот потег од завршувањето на натпреварот. Камерите го фатија како разговара со Арда Ѓулер и нему му кажува каква катастрофа се играчите на Барселона.

„Немаат мозок, не го користат. Погледни колку топки загубија во последните 15 минути“, му рекол Гундоган на Ѓулер по завршувањето на мечот.

Двајцата се Турци и покрај тоа што Гундоган игра за Германија, па можеа да зборуваат на мајчиниот јазик. Играчот од средниот ред на Барса и минатата сезона имаше многу забелешки на играта на својот тим, но за разлика од сега, тогаш работите ги кажуваше јавно.