Нови проблеми за Јунајтед - „пола“ екипа повредена пред Суперкупот

Манчестер Јунајтед претстојниот викенд ја отвора новата сезона со дуелот против Сити во рамките на англискиот Суперкуп.

Претходните две недели тимот се наоѓаше на турнеја во САД каде одигра три пријателски натпревари, но место да ја крева формата, се соочи со големи проблеми со повреди. Лени Јоро нема да игра следните три месеци, Расмус Хојлунд ќе го нема шест недели, но на мечот против Ливерпул во саботата, на повреди се пожалија уште неколку играчи, пред се од одбраната.

Виктор Линделоф на полувреме остана во соблекувална, Џони Еванс излезе од игра поради болест, се повреди младиот Вил Фиш, а Хари Мегваер не го ни почна натпреварот. Освен нив, неизвесни за дуелот со Сити се и Маркус Рашфорд и Антони кои се повредија против Бетис, па Ерик Тен Хаг ќе има тешка задача да го подготви за дуелот со Сити.