Пикфорд одлично се подготвил: Пеналот на Аканџи не го одбранил случајно (ФОТО)

Во претпоследното четвртфинале на Европското првенство, Англија ја елиминираше Швајцарија по изведувањето на пенали. Трагичар за Швајцарците беше Мануел Аканџ кој единствен не реализираше за Швајцарија.

Но, пеналот Пикфорд не го одбранил случајно, очигледно англискиот голман добро си ја завршил „домашната задача“ и се подготвил за пеналите. На шишето со вода на Пикфорд беа испишани сите фудбалери на Швајцарија и каде најчесто шутираат, во случајот на Аканџи неговата прогноза беше точна.