Ретклиф ќе отпушти 250 вработени во Манчестер јунајтед

Англискиот гигант Манчестер јунајтед ќе направи големи промени во следниот период по наредба на еден од сопствениците, Сер Џим Ретклиф.

„Би-Би-Си“ објави дека Ретклиф планира да отпушти 250 вработени со цел да се намалат трошоците на премиерлигашот.

Ретклиф неодамна кажа дека во Манчестер пронашол повеќе сметководители, отколку луѓе што работеле во фудбалот и затоа сака да ги промени работите на „Олд Трафорд“.

Во меѓувреме премиерлигашот му го продолжи и договорот на Ерик Тен Хаг, иако долго време се шпекулираше дека ќе добие отказ.