Официјално: Тен Хаг потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Како и што се најавуваше во претходниот период, Ерик Тен Хаг потпиша нов договор со Манчестер Јуанјтед со важност до 2026 година.

Новиот договор го потврди и спортскиот директор Ден Ешворд кој изрази задоволство од продолжувањето на соработката и истакна дека двата трофеи во последните две сезони се важни за клубот.

„Со два трофеи во последните две сезони, Ерик Тен Хаг се издвои како еден од најуспешните тренери во европскиот фудбал. Поради одлучивме дека е најдобриот партнер со кој можеме да работиме за да ги оствариме нашите цели“, изјави Ешворд.

По потписот на договорот се огласи и самиот Тен Хаг.

„Задоволен сум што постигнавме договор и што во иднина ќе работиме заедно. Гелдајќи наназад во изминатите две години имаме голем напредок во однос на тоа каде бевме. Сепак, мораме да бидеме реални и да кажеме дека Манчестер Јунајтед мора и многу повеќе. Во разговорите со клубот забележавме единство во нашата визија за остварувањето на амбициите“, истакна Тен Хаг.