Волф се збогува со Кјелце и по пет години се врати во Кил

Германскиот голман Андреас Волф ја напушти екипата на Кјелце по пет години поминати во клубот, а негова следна дестинација ќе биде Кил.

Голманот го носеше дресот на Кил од 2016 до 2019 година пред да се пресели во Кјелце, па сега повторно ќе застане меѓу стативите на германскиот тим.

„Среќен сум што доаѓам во Кил. Познавам дел од ракометарите и тоа ќе ми помогне на стартот на новата авантура“, кажа Волф.