Иван Тричковски има нов клуб!

Maкедонскиот напаѓач Иван Тричковски кој претходно по девет години си замина од АЕК Ларнака денеска како слободен фудбалер потпиша договор со АЕЛ Лимасол.

Maкедонскиот напаѓач Иван Тричковски кој претходно по девет години си замина од АЕК Ларнака денеска како слободен фудбалер потпиша договор со АЕЛ Лимасол.

Тричковски со АЕЛ стави потпис на едногодишна соработка. Во АЕЛ Тричковски пристигнува како големо засилување откако претходно во девет сезони за АЕК на 278 натпревари постигна 138 голови и додаде 29 асистенции.

Дресот на репрезентацијата на Македонија Тричковски го носеше на 67 натпревари во кои постигна девет голови, а репрезентативната кариера ја заврши по настапот на Македонија на Европското првенство во 2021 година.