Валенсија се засили со македонскиот репрезентативец Итан Хап!

Натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап ја напушти Гран Канарија и следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија.

Американскиот кошаркар со македонски пасош потпиша двегодишен договор со Валенсија, откако минатата сезона во просек постигнуваше по 11,5 поени и 5,5 скокови во Гран Канарија во Еврокупот.

Хап досега во кариерата играше за Олимпијакос, Ваноли Кремона, Фортитудо Болоња, Динамо Сасари, Ризен Лудвигсбург, Рио Бреоган и Гран Канарија.