Франција за првпат во историјата го освои младинското СП

Ракометарките на Франција до 20 години триумфираа во финалето против Унгарија со 29-26 на младинското Светско првенство (СП) кое се играше во Скопје.

Натпреварот беше израмнет од самиот почеток, а по првите 30 минути предност имаа Французинките со 14-13, по што во вториот дел го скрши отпорот на Унгарија и поведе со 19-15.

Унгарија не се предаваше и намали на 22-23, но Франција остана смирена во нападот и ја потврди победата (29-26).

Холандија го освои третото место на СП, откако славеше против Данска со 34-28, додека Македонија заврши на 16. позиција на турнирот.