Би-Би-Си срамно го понижи Роналдо по промашениот пенал против Словенија (ФОТО)

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, редовно е во центарот на вниманието на сите натпревари на кои настапува, заслужувајќи пофалби или оправдани критики, но то што го направи британскиот национален телевизиски сервис Би-Би-Си ги премина сите граници на здрав вкус и професионално однесување.

На синоќешниот натпревар од осминафиналето на ЕП 2024 помеѓу Португалија и Словенија, Роналдо во 105. минута од пенал пропушти можност да му донесе водство на својот тим. Неговиот удар од белата точка беше одбранет од Јан Облак, а во репризата на ударот Би-Би-Си на срамен начин го понижи еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

Наместо „Кристијано Роналдо“, Британците на екранот објавија натпис „Мистиано Пеналдо“, комбинирајќи го англискиот збор „промашување“ (missing) и пенал во склоп на презимето на Роналдо.