Бостон му нуди богатство: Тејтум ќе стане најплатен кошаркар во НБА

Актуелниот шампион во НБА-лигата, Бостон сака да потпише нов договор со најголемата ѕвезда на тимот, Џејсон Тејтум.

Тејтум ќе потпише петгодишен договор вреден 314 милиони, па така стана најплатен кошаркар во историјата.

Фантастичниот кошаркар минатата сезона во регуларниот дел постигнуваше по 26,9 поени, 8,1 скокови и 4,9 асистенции по натпревар.