Сензација на Вимблдон: Елиминирана актуелната освојувачка на трофејот!

Актуелната освојувачка на Вимблдон, Маркета Вондрушова беше елиминирана уште во првото коло на турнирот во Лондон, откако во два сета загуби од Џесика Боузас Манеиро со 4-6 и 2-6.

Вондрушова игра ужасно оваа година, а посебно лоша беше денеска против Манеиро, откако 25-годишната тенисерка од Чешка се соочи со проблеми на стартот на мечот.

Овој пораз ќе значи и испаѓање од топ-10 за Вондрушова, додека за Манеиро е најголема победа во кариерата и ќе се обиде да го продолжи својот поход кон добри резултати на Вимблдон.