Селекторот на Португалија: Горди сме на капитенот Роналдо!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез имаше само пофални зборови за Кристијано Роналдо по мечот со Словенија, иако ѕвездата на Ал Наср промаши пенал во судиското продолжение.

Јан Облак му одбрани пенал на Роналдо во 105. минута, по што Португалецот се расплака, а сега селекторот Мартинез го пофали за неговата посветеност.

„Мислам дека Роналдо е пример за сите спористи. Тој е единствен играч кој учествувал на шест европски првенства во фудбал, а желбата, вербата и одговорноста му се на високо ниво. Горди сме на капитенот“, кажа Мартинез.