Манчестер сити договори засилување, па Премиерлигата веднаш најави истрага!

Англискиот шампион Манчестер сити договори уште едно засилување ова лето, а поради висината на трансферот ќе биде отворена истрага од Премиерлигата.

Манчестер сити го договори Савио, односно еден од најдобрите фудбалери во Ла Лига за минатата сезона, но проблем е тоа што премиерлигашот ќе плати помалку пари од неговата вистинска вредност.

Трансферот на Савио на „Итихад“ ќе изнесува „само“ 30 милиони евра, наместо 50 колку што проценува „Трансфермаркт“ дека вреди талентираниот играч.

Интересно е тоа што Жирона, каде што играше Савио, има ист сопственик како и Манчестер сити, а тоа е причина поради која раководството на најсилната фудбалска лига во светот ќе го „чешла“ трансферот.