Мареј за последен пат ќе игра на Вимблдон!

Британскиот тенисер Енди Мареј реши да настапи на Вимблдон, меѓутоа не во сингл конкуренција, туку во двојки со неговиот брат Џејми.

Мареј кажа дека не е подготвен да настапи во сингл конкуренција, иако напорно работеше да се врати на теренот и да даде сè од себе, но овој пат со помош на брат му ќе се бори за подобар резултат само во двојки.

„Енди е разочаран што не игра сингл, но потврди дека ќе игра во двојки со Џејми и се радува што ќе се натпреварува за последен пат на Вимблдон“, соопштија од неговиот тим.

Мареј најави дека ќе се пензионира по Олимписките игри (ОИ) во Париз.