„Белингем е најдобриот фудбалер во историјата на Англија!“

Капитенот на Англија, Хари Кејн по тешката победа над Словачка (2-1) остварена по продолженија и со изедначувачки погодок на само 60 секунди пред крајот, говореше во суперлативи за човекот кој ги спаси, Џуд Белингем.

Тој во петтата минута од судиското надополнување изедначи со удар со ножички, додека напаѓачот на Баерн Минхен на самиот старт од првото продолжение погоди со глава за водство, кое се покажа доволно за место во четврт-финалето.

„Белингем е најдобриот фудбалер во историјата на нашата земја. Каков играч е тој, работи толку напорно. Таму е кога е најважно, а тоа го направи денес. Во вакви натпреварувања треба да се најде начин да се победи. Овој тим знае како да 'копа длабоко'. Можевме да одиграме подобро, но на крајот на денот резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака “, изјави Кејн.

Англија за место во полуфиналето ќе ги одмери силите со Швајцарија, која вчера сензационално ја елиминира Италија, бранителот на круната од ЕП 2020.