Англиските навивачи во Лондон славеа како веќе да станале европски прваци (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија „на мускули“ се пласираа во четврт-финалето на ЕП 2024, откако по продолженија ја совладаа Словачка (2-1) и со изедначување на 60 секунди пред крајот со фантастичниот гол на Џуд Белингам со ножички.

Тоа донесе огромна радост кај англиските навивачи и тоа не само тие на стадионот во Гелзенкирхен туку и низ цела Англија, особено на местата каде што групно се следеше овој меч.

Така беше и во Лондон, каде што стотици фанови погодоците на Белнгем, а потоа и на Хари Кејн за водство ги прославија до толку еуфорично како нивните миленици уште сега да станаа европски шампиони.