Шпанците си дадоа автогол, па се налутија и ја прегазија Грузија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шпанија без поголеми проблеми, со фантастична игра и убедлива победа, во Келн ја совладаа Грузија (4-1) и се пласираа во четврт-финалето на ЕП 2024 во Германија.

„Црвената фурија“ ја оправда улогата фаворит, без разлика што противникот прв поведе и тоа без да постигне гол, со оглед што доби помош со автоголот на Робин Ле Норман во 18. минута. Тоа малку како да ги збуни избраниците на Де Ла Фуенте, кои изедначија дури пред крајот на полувремето и тоа со погодокот на Родри. Во вториот дел работите си дојдоа на место, па Шпанците со головите на Руиз, Вилијамс и на Олмо дојдоа до убедлив триумф.

Шпанија е четвртиот патник во четврт-финалето на ЕП, а за пласман во полуфиналето ќе ги одмери силите со домаќинот Германија.