Состави: Монтела со Ѓулер како шпиц стартува против Австрија

Вечерва од натпреварот помеѓу Австрија и Турција ќе го добиеме последниот четвртфиналист на Европското првенство.

Чалханоглу и Акајдин поради жолти картони се суспендирани, па така тренерот Монтела беше принуден да менува. Арда Ѓулер го стартува натпреварот како најистурен во нападот. На другата страна во стартниот состав на Рагник ги нема Вимер и Траунер.

АВСТРИЈА (4-2-3-1): Пенц; Пош, Дансо, Линхарт, Мвене; Сејвалд, Сабитцер; Лајмер, Баумгартнер, Шмид; Арнаутовиќ

ТУРЦИЈА (4-2-3-1): Ѓунок; Мулдур, Бардакчи, Демирал, Кадиоглу; Јуксек, Ајхан; Јилзиз, Кокчу, Јилмаз; Ѓулер