Дебакл на Циципас, загуби во второто коло на Вимблдон!

Стефанос Циципас кој на Вимблдон влезе како 11. носител е елиминиран уште во второто коло, откако со 3-1 во сетови загуби од финскиот тенисер Емил Русувуори.

Циципас кој важи за еден од најдобрите тенисери на денешницата имаше очаен настап на овогодинешното издание на Вимблдон.

Русувуори првите два сета ги доби во тајбрејк, првиот со 8-6, другиот со 12-10. Циципас успеа да го добие третиот сет со 6-3 и се врати во игра.

Но, Финецот беше подобар во четвртиот сет со 6-3 и го доби мечот со 3-1 во сетови.

За разлика од Циципас, Александер Зверев немаше проблем со својот противник, го совлада Џирон со 3-0 во сетови. Беше 6-2, 6-1 и 6-4.