Крај на една ера: Порто се збогува со Пепе (ФОТО)

Португалската екипа Порто во новата сезона ќе има ново раководство, па поради беа најавени голем број промени во екипата, а еден од првите кои си заминува е искусниот Пепе.

Порто денеска се збогува со Пепе кој во изминатите пет години го носеше дресот на португалскиот тим во вториот мандат, откако и претходно од 2004 до 2007 година играше за клубот.

Како следна дестинација на Пепе се споменува Саудиска Арабија, а засега не е познато чиј дрес ќе го облече за следната сезона.