Селта со девет играчи го победи Лас Палмас на негов терен! (ВИДЕО)

Селта ги освои трите бода од гостувањето кај Лас Палмас откако победи со 1-0 иако повеќе од половина час играше само со девет фудбалери поради две исклучувања.

Единствениот гол на мечот се случи во 28. минута кога Иглезиас постигна погодок за предност на Селта од 1-0.

Вистинската драма почна во 54. минута кога судијата престрого му даде втор жолт картон на Мориба и го исклучи. Следуваа лавина од преговори, а во таа мешаница капитенот Аспас доби два жолти картони, па и тој беше исклучен.

Аспас беше толку исфрустриран од целата ситуација што во еден момент ги повикуваше своите соиграчи да го напуштат теренот. 

Сепак, тоа не се случи. Тие продолжија да играат и ја одбранија предноста од еден гол и на крајот се радуваа на особено слатка победа.